
Според неофицијални информации од Центарот за јавно здравје, изминатото деноноќие се дијагностицирани над 120 новозаразени со коронавирус, дознава Нетпрес.
Речиси 110 позитивни тестови се добиени од ЦЈЗ, а се очекуваат и резултатите од приватните клиники.
Официјалните бројки ќе бидат соопштени наскоро.
Вчера беа потврдени 87 случаи на коронавирус. Вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424.