
Годишниот самит на министрите за здравство на 18 мај, што ќе биде преку видео-врска годинава, ќе се фокусира на пандемијата на Ковид-19, се вели во соопштението на Светската здравствена организација (СЗО).
Покрај пандемијата, на дневен ред ќе биде и организирањето на изборите за раководство на СЗО, клучно за континуитетот на управувањето со организацијата. Најавено е обраќање на генералниот секретар Тедрос Аданом Габрејесус.