Ковид-19 во Италија: Починати над 1000 лица

Италијанските здравствени власти денеска соопштија дека во земјата има 15.113 заразени и 1.016 починати од новиот коронавирус.

Во однос на вчера, заразата се зголемила за 21 отсто, а смртните случаи за 23 проценти.

Жариштето на епидемијата во Италија останува во северниот дел на земјата, со 8.725 случаи во Ломбардија. Но во Лацио, регион близу Рим, бројот на заразени се зголеми за една третина и изнесува 200 заболени.