0.8 C
Skopje
среда, декември 18, 2024

Ковидот ги донесе на површина нефункционалноста на здравствениот систем

На денешната трибина на тема „Состојбите во здравството“ која што се одржа во просториите на ВМРО-ДПМНЕ, свое обраќање имаше Д-р Марија Јовановски Срцева која што истакна дека ковидот ги донесе на површина сите недостатоци и нефункционалност на здравствениот систем а медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред.

– Ковидот не научи колку не функционира здравствениот систем. Не функционираат основните работи кои што се поставени во здравствениот систем, инфраструктурните објекти, недостаток на лекови, недостаток на лекари никогаш не смееме да ги заборавиме а некако го подзаборавивме медицинскиот персонал, медицинските сестри и помошниот персонал. За жал во Македонија она што се случува е фактот дека средниот медицински персонал, односно медицинските сестри и акушерки во Македонија не постои закон, тие немаат конкретна дејност, а тие го носеа најголемиот товар кој што го донесе ковидот, и исто така го носат големиот товар во целиот здравствен систем. Тоа се луѓе кои што имаат адекватна обука меѓутоа никаде во законот, во ниту еден закон не се носители на дејност ниту се носители на здравствена нега. Она што со години наназад се ветува и некаде мислам дека во 2019 министерството за здравство проба да ги изедначи нашите легислативи со ЕУ легислативи посебно во однос на медицинскиот персонал, меѓутоа од тогаш наваму не е направено ништо, нагласи Срцева.

Срцева истакна и дека медицинските сестри и помошниот персонал кои што го носат најголемиот товар се подзаборавени и потребно е да им се даде дополнителен мотив едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред.

– Кога зборуваме за покачување на плата зборуваме некако по дифолт за покачување на плата на здравствени работници пред се мислејќи на лекари, ја подзабораваме оваа категорија а не смееме да заборавиме дека секаде во светот на глобално ниво околу 27 милиони луѓе се сестри или акушерки кои што практично го носат товарот на 50 проценти од целиот медицински персонал и во Македонија е сигурно така, но немаме точна статистика. Покрај лекарите најголемиот товар е на сестрите и на некој начин токму на нив треба да им се даде дополнителен мотив, едукација и дополнително да се внесат во некои комори на некој начин на кои што ќе одат напред, истакна Срцева.

Во однос на Јавното и приватното здравство Срцева истакна дека според најновите истражување од СЗО сите инвестиции и во инфрастуктурата и во едукацијата на кадар инвестициите се враќаат назад за отприлика 7 години.

– Мислам дека пред два до три дена светската здравствена организација заедно со центарот за амерички заболувања истражиле дека инвестирањето и во јавното и во било кое здравство со самото инвестирање за извесен број на години отприлика за 7 години е нивната пресметка дека се враќа на економската стапка на самата држава. Значи колку побргу инвестираме не само во инфраструктура во едукација во начин на наградување сето тоа има улога во економскиот развој на самата држава. И тоа е нешто што е издадено пред 3 дена од Светската здравствена организација како извештај, посочи таа.

Д-р Марија Јовановски Срцева додаде и дека Европскиот извештај за 2021 главно е негативен, токму поради корупцијата во здравството а пред се во јавно приватното партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, и на сето она што требаше на некој начин да се приватизира од оваа влада.

– Европскиот извештај за 2021 во главно е негативен. Меѓутоа е така дискретно направен негативен во сите полиња доминира корупцијата, посебно во здравството доминира корупцијата но е дискретно направен поради тоа што короната е посреди. Не се заборавени да се напоменат сите оние недостатоци кои што ги имаме во јавното здравство и посебно во однос на ова јавно приватно партнерство кое се однесува на брзата помош, на транфузија на крв, на сето она што требаше на некој начин се приватизира од оваа влада, заклучи Срцева.