Коза активирала експлозив во Запорожје, повредени најмалку 40 руски војници

Најмалку 40 руски војници се повредени откако коза активирала експлозив поставен околу болницата во Запорожје со своето хаотично движење, пренесува британски Телеграф.
Војниците поставувале мини кога коза, која побегнала од фарма во селото Кински Роздори, активирала експлозивна направа.

Шефот на украинската разузнавачка служба изјави дека руските војници поставиле мини околу локалната болница. Набргу по поставувањето на минската замка, кон областа дошла коза и активирала верижна експлозија во која се повредени десетици војници.

„Со своите хаотични движења, козата активираше неколку гранати. Како резултат на тоа, неколку Руси се здобија со повреди со различна тежина“, пишува разузнавачката служба.

Се проценува дека се ранети 40 војници.

Животното го добило прекарот „Киевска коза“ поради нејзиниот несвесен чин – упатува на легендата за митскиот, херојски пилот познат како „Духот на Киев“, кој е заслужен за соборувањето на неколку руски авиони во Украина.

Ова не е прв пат животно да се појави во медиумите бидејќи им „помогна“ на украинските бранители.

Двегодишно куче работеше во регионот Чернихив северно од Киев за да ја елиминира опасноста од неексплодирани мини. Тоа им помогна на Украинците да се вратат дома безбедно, без ризик од повреди или смрт.

Расите како Џек Расел териер ги имаат исклучително развиен мирис поради што се многу корисни за деминирање.