Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас во своите јавни настапи ја нарекува земјава според договореното име, Северна Македонија. Коѕијас истакна дека истите Грци кои протестираа против пријателскиот договор со соседите, цело време ги пречекуваат за одмор тие исти соседи.
Оваа недела, земјата, Северна Македонија ќе го ратификува договорот, потоа ќе одржи референдум, ќе го промени Уставот, а потоа ние ќе го ратификуваме договорот. Тие ризикуваат, бидејќи ни веруваат, она што го велиме, исто и го мислиме. Постои реалност што мора да се развие во корист на двата народи, да се развијат и економијата и општествата на двата региона. Меѓутоа, за да се случи тоа, треба да постигнеме договор, додека секој договор има компромиси и обврски. Народите на двете земји не се во војна, истите граѓани кои протестираат, со големо задоволство ги пречекуваат како клиенти во текот на целата година“, изјави Никос Коциас, министер за надворешни работи на Грција.
Коѕијас, коментирајќи за вчерашните протести, рече дека Грците ги кршат стереотипите бидејќи бројот на демонстранти значително се намалил од еден милион на 100.000 и на крај 4.000, што според него се докажува дека Грците ги кршат стереотипите. За Коѕијас, во Атина како орган на партијата ВМРО –ДПМНЕ, функционира Нова Демократија. А од Нова Демокартија излегоа со остра реакција.
Во исто време кога Ципрас и Коѕијас славеа во Преспа за договорот, кој им штети на националните интереси, на полицијата и беше наредено да покаже досега невидена бруталност, носејќи ги граѓаните во болници, а кои го искажаа своето патриотско чувство. Не е само тажен ден за Грција, туку и срам за Ципрас и Каменос, бидејќи заедно, на граѓаните на БЈРМ им дозволија да се самонарекуваат „Македонци“, реагираа од Нова Демократија.
Утрово беше уапсен Константинос Барбаросис, поранешен пратеник на партијата Златна Зора. Тој во петокот во својот говор полн со омраза повика на државен удар, барајќи од армијата да го уапси премиерот Ципрас и претседателот Павлопулос. Павлопулос, пак, ја повика земјата да го промени Уставот со цел да го реши своето неусогласување со билатералниот договор потпишан вчера во Нивици, Грција.