Коѕијас: Другата страна треба да се согласи на ерга омнес

Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, вели шефот на грчката дипломатија од Брисел по Советот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Ставивме јасно до знаење дека за ПЈРМ да добие покана за НАТО, ќе треба да ја имплементира одлуката од Букурешт од 2008, како и резултатите од преговорите. Треба да биде сфатено од другата страна дека треба да се согласи за ерга омнес и да одиме кон сеопфатен, позитивен договор, изјави министерот за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.