Коѕијас: Владата има мнозинство за ратификација на договорот со Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, денеска изјави дека има мнозинство во грчкиот парламент за поддршка на договорот за името Република Северна Македонија.

Тој одби да ја коментира изјавата на коалициониот партнер, Панос Каменос, кој рече дека нема да дозволи договорот за името на Македонија да биде ратификуван без гласачите да го одобрат на избори или референдум.

Грчкиот министер за надворешни работи во изјава за грчкото радио „Сто Кокино“, објасни дека на почетокот на преговорите, според анкетите, противници на договорот биле над 80 проценти од граѓаните, а сега поголемиот дел од граѓаните го поддржуваат решението.