Сигал буквално го декласираше Кожув со убедливи 88:60, иако нашиот преставник на полувреме водеше со 34:39.
Сепак во вториот дел домашните се разиграа и комплетно ја разбија играта на Кожув, на крајот славејќи убедлива победа од 28 разлика.
Американецот Пен постигна 25 поени, но имаше и слаб шут од поле (9/25), а Кожув повторно имаше проблем со реализацијата на шутевите од далечина (3/19).
Во таборот на Сигал добра игра прикажа Ѓорѓи Чековски, кој оствари дабл-дабл од 11 поени и 10 скокови, надополнети со четири асистенции.