Во Гевгелија беа поразени од црногорскиот тим Морнар, кој беше подобар ривал во поголемиот тек од мечот, добивајќи во своја корист три од четирите периоди.
Во редовите на Кожув поентерски се истакнаа само двајца кошаркари, Американецот Брендон Пен со 20 поени и Ратко Варда, кој уфрли еден поен помалку.
Но, одбраната на Кожув не беше на висина на задачата. Балша Радуновиќ со 20 поени беше најефикасен во составот на Морнар, Марко Мијовиќ беше стрелец на 11 поени, а двоцифрени, со по десет постигнати поени, беа и Милош Лопичиќ и Марко Перовиќ.