Градежните работи за изградба на оперативниот центар на ЈКП Гази Баба 2007 влегуваат во завршна фаза. -Оперативен центар од ваков тип каков што ќе го има нашето комунално претпријатие ќе биде прв во Република Македонија, објави на фејсбук, градоначалникот на Општината, Бобан Стефковски.
Со изградбата на центарот ЈКП Гази Баба добива: Најсовремена работилница за урбана опрема; Сервис и паркинг за возниот парк (багери, камиони и сл); Пункт за наплата на сметки за вода; Простор за администрацијата; Пункт за службата за зимско оддржување; Пункт за улично осветлување; Магацински простор; Заеднички пункт со ЈП Паркови и зеленило.
ЈКП Гази Баба прераснува во респектабилно комунално претпријатие кое ќе преставува сервис на граѓаните во вистинска смисла на зборот.
Горд сум, а вооедно и среќен што зад себе оставаме дела кои ќе внесат промени во секојдневниот живот на граѓаните!, напиша Стефковски.