КПУ Шутка демантира дека Боки 13 барал преместување на психијатрија

„Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец се во добра здравствена состојба, нивното однесување е коректно и немаат никакви барања“, велат од управата на затворот „Скопје“ , откако во дел од медумите се појави информација дека Боки13 барал да се премести на одделението за психијатрија.

Според управата на затворот, двајцата притворени се во добра здравствена состојба, Јовановски минатата недела бил на Ортопедија, а на Кичеец му бил направен зафат.

Боки 13 и Кичеец се осомничени во случајот „Рекет“ за изнуда на пари, за што се појавија и снимки од италијанскиот весник Ла Верита.