Крај грчкиот брег се удавија 59 мигранти

Најмалку 59 луѓе се удавиле  при потонување на бротче со мигранти во водите близу Пелопонез, на југозападот од Грција, објави во средата грчката крајбрежна стража.

Досега се спасени 104 лица кои се префрлени во пристаништето Каламати. Четири луѓе со хеликоптер итно се префрлени во болницата во истиот град, додаде крајбрежната стража на Грција. Се стравува дека има и десетици исчезнати луѓе

Несреќата се случила во меѓународните води, на 47 наутички милји од Пилос во Јонското Море. Никој од патниците, чијашто националност не објавена, немал појас за спасување.

Бротчето првпат било забележано од авион на европската мисија за погранична безбедност Фронтекс во вторникот попладнето, но мигрантите одбиле помош, соопштија грчките власти.

Во акцијата за спасување учестувала грчката пристанишна полиција, фрегата на грчката воена морнарица, авион и хеликоптер и шест бродови кои пловеле во таа област. Според првичните сознанија на грчките власти, бротчето пловело од Либија кон Италија.

Во средата ѝ била пружена помош и на едрилица со 80 мигранти во водите крај Крит. Едрилицата била одвлечена во пристаништето Калои Лименес на југот на островот.