Крајната десница во ЕП го номинира Илон Маск за наградата Сахаров

Пратеничките групи во Европскиот парламент во четвртокот ги претставија своите кандидати за овогодинешната награда Сахаров, вклучително и кандидатот на крајната десница Илон Маск, кој е под истрага од Европската комисија за наводно ширење дезинформации и незаконски содржини на неговата платформа Х.

Пратеничките групи ги предложија своите кандидати, кои денеска беа претставени на соодветните комисии на Европскиот парламент. Секој предложен кандидат мора да има поддршка од најмалку една пратеничка група или група од најмалку 40 пратеници. Секој пратеник може да поддржи само еден кандидат.

Двете крајно десничарски парламентарни групи Патриоти за Европа и Европа на суверените нации го предложија американскиот милијардер Маск, претприемачот кој меѓу другото е и сопственик на социјалната мрежа Х, за овогодинешната награда Сахаров, највисокото признание на Европската унија за активности во областа на човековите права и заштитата на слободата на мислење.

Европската комисија неодамна отвори истрага за социјалната мрежа Х поради сомнежи дека платформата наводно шири дезинформации и објавува нелегални содржини. Исходот од таа истрага може да резултира со астрономска парична казна.

На еден од најбогатите луѓе на планетата му се заббележува во Брисел дека сѐ повеќе ја користи својата платформа Х за ширење на сопствените политички ставови. На претстојните претседателски избори во САД тој го поддржува Доналд Трамп. Критичарите го обвинуваат дека се усогласува со суверенистичката десничарска политика со неговите објави на Х.

На критиките дека овозможува ширење на лажни вести, Маск одговара дека е за апсолутна слобода на говорот.

Најголемата пратеничка група во Европскиот парламент, Европската народна партија (EPP), ја предложи лидерката на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо. Станува збор за очиглена политичка одлука, бидејќи за Мачадо и нестои и особен политички успешен и меѓународен ангажман, во согласност со политиките на САД кои се обидуваат со децении да ги соборат левичарските власти во Венецуела.

Таканарелената „прогресивна алијанса“ на Социјалистите и демократите (S&D) и либералниот клуб Renew ги предлагаат палестинското движење „Жени на сонцето“ и израелското движење „Жени за мир“ и нивните коосновачи Рим Хајајрех и Јаел Адми. Станува збор за две пацифистички и феминистички движења кои се залагаат за мир на Блискиот исток.

Политичката група на Европски конзервативци и реформисти (ECR) го предлага Едмунд Гонзалес Урутуја, кој неодамна беше прогласен од Европскиот парламент за легитимен и демократски избран претседател на Венецуела. Едмундо Гонзалес Урутија се кандидираше за претседател на Венецуела а Мачадо тврдеше дека е победник, но изборната комисија прогласи победа на досегашниот претседател Никола Мадуро. . Пред десетина дена и самиот Гонзалес Урутија изјави дкеа се повлекува од прогласената наводна изборна победа.

Претставниците на Зелените го предложија д-р Губад Ибадоглу, борец против корупцијата во Азербејџан, критичар на гасната и нафтената индустрија и активист за човекови права и животна средина.

Пратеничката група на Левица предложи група палестински новинари.

По денешното претставување на кандидатите, Комисијата за надворешни работи и Комитетот за развој на ЕП ќе гласаат за тројцата кандидати кои ќе влезат во потесниот круг на нивната средба на 17 октомври.

Одлуката за победникот ќе ја донесе на 24 октомври Конференцијата на претседателите на Европскиот парламент, тело кое ги обединува претседателот на Парламентот и шефовите на пратеничките групи. Доделувањето на наградата ќе се одржи на 18 декември за време на пленарната сесија во Стразбур.

Наградата Сахаров за слобода на мислата беше лансирана во 1988 година. Се доделува на поединци, групи и организации кои дале исклучителен придонес во заштитата на слободата на мислата.

Конкретно ја промовира слободата на изразување, заштитата на малцинските права, почитувањето на меѓународното право, развојот на демократијата и спроведувањето на владеењето на правото. Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи, Денис Муквеге и Надија Мурад се дел од добитниците на наградата кои подоцна ја добија Нобеловата награда за мир.