![Marin Le Pen Zordan Bardel](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Marin-Le-Pen-Zordan-Bardel.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Крајната десничарска партија Национален собир (RN), која ја основа Марин Ле Пен наместо дотогашниот Национален фронт води во трката пред парламентарните избори во Франција, пред левичарскиот Народен фронт и центристите на претседателот Емануел Макрон, покажаа две анкети во четвртокот.
Институтот IFOP во анкета за радиодифузната група TF1 и весникот Le Figaro соопшти дека Националниот собир (RN) ќе добие 34 отсто од гласовите. Народниот фронт достигна 29 отсто, а блокот Заедно на Макрон 22 отсто.
Друга анкета на Harris Interactive, спроведена за радиото RTL, телевизијата TVМ6 и Challenges Magazine, покажа резултат од 33 отсто за Народниот собир, 26 отсто за левицата и 21 отсто за таборот на Макрон.
Симулацијата на националното гласање, сепак, не дозволува директна прогноза за односот на силите во следното француско национално собрание, бидејќи изборите на 30 јуни и 7 јули се одржуваат како мнозинско гласање во два круга во секоја област.
Анкетата на Harris Interactive, сепак, даде груби проекции и предвидува 235 до 280 места за Навионалниот собир и нејзините сојузници, што ќе биде помалку од потребните 289 за апсолутно мнозинство, но ќе ја има најголемата пратеничка група во историјата.