Крајно десната AfD пред победа во уште една сојузна покраина во Германија

Крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD) би требало да победи на изборите во сојузната покраина Бранденбург на изборите во неделата, на бранот на успехот во другите источни покраини на почетокот на овој месец, и да ги победи социјалдемократите на канцеларот Олаф Шолц во нивното традиционално упориште.

Алтернатива за Германија стана првата крајо десничарска партија по Втората светска војна која победи на покраинските избори на 1-ви септември убедливо во Тирингија и многу тесно загуби во Саксонија.

Таа е една од неколкуте крајно десничарски партии во Европа кои капитализираат од загриженоста на граѓаните за економијата, имиграцијата и војната во Украина, особено изразена на истокот на земјата, со која некогаш владееја комунистите.

Партијата, која најверојатно нема да може да владее бидејќи нема да има доволно мнозинство за тоа а другите партии не сакаат да коалицираат со неа, се обидува да профитира и од тешкотиите во функционирањето на тричлената коалиција на Шолц на федерално ниво, како и од големот пад на коалициските партнери на социјалдемократите – зелените и лидералдемократите.

„Итно ни треба промена на насоката за земјата да не отиде кај кучињата“, рече водечкиот кандидат на AfD во Бранденбург, Ханс-Кристоф Берндт, на митингот претходно во септември.

Победата на AfD во таа сојузна покраина би била особено непријатна за социјалдемократите (SPD), кои победуваат во Бранденбург од обединувањето на Германија во 1990 година и владеат со оваа покраина со 2,5 милиони жители.

Тоа, исто така, би го поставило прашањето дали Шолц, најнепопуларниот германски канцелар досега, може да ја води партијата пред федералните избори следната година.

Популарниот премиер на Бранденбург, социјалдемократот Дитмар Вајдке, избегнуваше да се појавува на митинзи со Шолц, кој живее во главниот покраински град Потсдам, па дури и ја критикуваше владејачката коалиција.

Наместо тоа, тој ги истакна економските успеси како што се отворањето на фабриката на американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ и аеродромот во Бранденбург, кој го опслужува главниот германски град Берлин и е трет по големина аеродром во земјата.

Анкетата на агенцијата Forschungsgruppe Wahlen во четвртокот покажа дека AfD би освоила 28 отсто, а SPD 27 отсто од гласовите. Следуваат конзервативците демохристијани од CDU со 14 отсто и новата крајно левичарска партија Сојуз на Захра Вагенкнехт (BSW) со 13 отсто.

И двајцата партнери на Шолц во владата, Слободните демократи (FDP) и Зелените, се борат да го надминат изборниот праг од пет проценти.