Во Холандија, на изорите за Еврпскиот парламент, Зелено-либералната алијанса на поранешниот еврокомесар Франс Тимерманс освои најмногу места, осум од нив, но само едно место помалку освои крајно десничарската PVV на Герт Вилдерс, покажуваат излезните анкети.
Изборите за Европскиот парламент, на кои ќе гласаат до 360 милиони луѓе во 27 земји-членки на Европската унија во текот на четири дена, започнаа во четврток во Холандија.
Според излезните анкети што ги објави телевизијата NOS, Партијата на слободата (PVV) на холандскиот националист Вилдерс забележала одличен резултат со своите седум пратенички места, бидејќи на последните избори за Европскиот парламент не освои ниту едно.
Зелено-либералната алијанса падна за едно пратеничко место во однос на изборите во 2019 година.
Десно-либералната Народна партија за слобода и демократија (VVD) би требало да има четири места во новото состав на Европскиот парламент.
Холандија, инаку, има 31 мандат во Европскиот парлмент во Стразбур.
Вилдерс, познат по своите отворени антиимиграциски и антиисламски ставови, во четвртокот рече дека добриот резултат треба да ги охрабри националистичките партии да се обединат во нивните напори за промена на регулативите на ЕУ и враќање на повеќе овластувања на националните законодавни тела.
Доколу предизборните предвидувања се точни, крајно десничарските партии ширум Европа овојпат ќе остварат подобро изборни резултати од кога и да е досега, потенцијално ќе влијаат на сите политики на ЕУ, од миграцијата и климата до изборот на следниот претседател на Европската комисија.
По Холандија, во петок гласаат Ирска, а во сабота следуваат Летонија, Малта и Словачка. Чешка и Италија гласаат два дена: 7 и 8 јуни и 8 и 9 јуни, соодветно. Во останатиот дел од ЕУ изборите ќе се одржат во недела на 9 јуни.
Официјалниот резултат од изборите во Холандија нема да биде објавен сѐ додека не заврши гласањето во сите 27 земји-членки во недела навечер.