Крај Тунис потона брод со 750 тони дизел

Fuel-laden ship sinks off Tunisia’s coast (representative image). Photograph:( Reuters )

Товарен брод во кој имало 750 тони изел гориво на пат од Египет кон Малта потонал во саботата близу југоисточниот бреф на Тунис, но засега нема истекување на горивото, соопшти портпаролот на локалниот суд.

„Бродот потона утрово во туниските територијални води. Засега нема истекување на горивото“, изјавил портпаролот Мохамед Караи. Додал дека сега ќе се „состане комисијата за спречување катастрофи и ќе реши какви мерки ќе бидат преземени“.

Бродот „Xelo“ во петокот побарал влегување во туниските територијални водини поради лошите временски условои, објави тамошното министерство за животна средина.

Бродот е изграден во 1977 година и плови под знамето на Екваторијална Гвинеа, а испловил од египетското пристаниште Дамиета кон Малта. Околу 7 километри од Габешкиот залив во бродот почнало да продира вода, па машинскиот дел набрзо бил поплавен, бидејќи нивото на водата достигнало два метра.

Туниските власти ги евакуирале седумте членови на екипажот: капетанот на бродот Грузиец, четворица турски поморци и двајца од Азербејџан. Екипажот бил кусо задржан во болница на рутински прегледи, а потоа сместен во хотел.

Туниското министерство за животна средина предупреди дека постои опасност горивото да истече во морето, како и дека министерствата за одбрана, за внатрешни работи, за сообораќај и царината, работат на спречување на можна „поморска, еколошка катастрофа во оваа област“.