Тројца крадци се новите осомничени за киднапирањето на Медлин Мекејн, јавува Дејли Меил.
Британската полиција ги идентификуваше тројцата арамии откако ги анализирале податоците од мобилни телефони, кои сугерираат дека тие краделе во близина на одморалиштето во Португалија, каде што Меделин исчезна во мај 2007 година.
Три дена претходно тие провалиле во еден од апартманите во одморалиштето, но киднапирање и кражба на почетокот на истрагата биле неповрзани.
ВБританските детективи веруваат дека крадиците сакале да го ограбат апартманот на семејството Мекејн, но дека во моментот на кражбата Меделин се разбудила, па тие во паника ја земале со себе.