Тешка кражба во куќата на шеесет и деветгодишниот А.Б. од селото Митрашинци.
Додека бил на привремена работа во Австрија од неговата куќа се одземени 25 илјади евра, 15 илјади денари и други разновидни предмети.
Сторителот насилно ја отворил вратата на источната страна на куќата, влегол внатре и извршил пребарување по собите, а откако ги одзел парите и предметите, заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.