Крадци од црква однесоа непроценливо богатство на шведското кралско семејство

Шведската полиција започна потера по крадци кои од катедралата Странгнас, оддалечен од Стокхолм околу 80 километри, коишто во понеделникот украле извонредно вредни драгоцени камења во сопственост на шведското кралско семејство.

Украдена е кралската кугла со крст и две непроценливо вредни кралски круни од кои едната му припаѓале на кралот Карл IX, а другата на кралицата Кристина, владетели од XVII век.

Очевидци велат дека забележале двајца мажи како бегаат од катедралата и влегуваат во глисер кој ги чекал пред неа и се оддалечиле со голема брзина. При кражбата нема повредени.

Полицијата веднаш започнала опсежна истрага, но засега таа не дава реултати.

„Станува збор за непроценливо вредни предмети и дел од националното културно наследство. Украдени се додека катедралата била отворена за јавноста. Таму биле изложени во заклучени изложбени стаклени кутии“, изјавил за медиумите полицискиот портпарол Томас Агневик.

Двете круни се украсени со богати инкрустации, благодорни камења, бисери и злато. Станува збор за погребни круни направени во 1611 година за кралот Карл и кралицата Кристина, кои подоцна се ексхумирани и изложени за јавноста.

крауната на шведскиот крал Карл IX

 

круната на швеската кралица Кристина