Крадел злато од куќата на татко си, приведен маж од гостиварско

Во неделата околу околу 16 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 31-годишниот М.А. од село во гостиварско, кој се сомничи дека во текот на изминатите два месецаи, во повеќе наврати, од куќата на неговиот татко одзел златен накит во вкупна вредност од 50 до 60 илјади евра.

Златото било сопственост на неговата сестра, а М.А. го продавал на други лица, додека кражбата денеска  во 15 часот ја пријавил таткото. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.