Крајно срамен и очаен потег – со крадена програма СДСМ бара доверба од граѓаните

 

Крајно несериозно, срамно и бедно за една политичка партија која претендира да биде победник на претстојните парламентарни избори да нема своја автентична програма. Вакви се коментарите на аналитичарите откако од српската партија Двери, потврдија дека предизборната кампања и програмата на СДСМ се целосно пресликани од нивната.

Програмата на ДВЕРИ е апсолутно наша автентична и врз направена со помош на неколкумина професионалци кои ги делат нашите идеи, а кои не се занимаваат со политика. Така што целокупната кампања, од слоганот, паролите, дизајнот па се до видео спотовите и пораките кои се испраќаат се комплетно наши. Предизборната кампања во 2012 година ДВЕРИ ја водеше под слоганот „За живот“, посочува во интервју за неделникот Република, претседателот на белградска организација на Двери, Срѓан Ного.

Според него, разбирливо е да се преземаат некои идеи, но да се препише цела кампања е неприфатливо. Имено опозициската коалиција настапува под слоганот „За подобар живот во Македонија“, соодветен на слоганот со кој настапила и радикално десничарската партија Двери во Србија на претходните избори „За живот Србије“.

Како што посочува претседателот на градската организација на Двери, 80 отсто од програмата на СДСМ била иста со нивната, а освен што постоела огромна сличност во дизајнот на рекламниот материјал, дури и предизборните настапи биле идентични, и за време на кампањата на Двери препознатлив знак биле лицата кои држеле табли во позадина на секој митинг.

Според политичкиот аналитичар Александар Пандов со украдена кампања и по сите изнесени лаги и дезинформации за наводни фантоми, преку тоа дека не барале промена на Уставот иако сите граѓани беа сведоци на тоа, СДСМ не може да ги добие гласовите на македонските граѓани и да ги убеди да им веруваат.

На секого во Македонија му е јасно дека кога говориме за лицето Зоран Заев пред нас се претставува слика на еден измамник кои со секакви лаги се обидува да ги измами македонските граѓани. Во неговата политичка агенда освен што тој се доживува како премиер, нема направено ништо добро за државата и за граѓаните за да ја добие таа функција, освен тоа во свој стил со украдена програма и кампања се обидува да ги добие гласовите на македонскиот народ. Срамно и бедно е една партија која претендира да биде победничка на претстојните парламентарни избори нема капацитет, идеи и луѓе за да понуди нешто автентично на своите гласачи, туку како и за се останато како криминалци да крадат туѓи програми, вели Пандов за Нетпрес.

Според него тоа ја докажува несериозноста на оваа политичка партија, и смета дека на ваков начин, не само што нема да ги добијат гласовите на Македонците, туку на 11-ти декември ќе бидат и најстрого казнети. Од српската Двери потенцираат и дека се непријатно изненадени што преземањето на нивната кампања е направено од целсно идеолошки спротивна партија.

Јас не би сакал нашите идеи за кампања да ги користи партија што не ги споделува нашите програмски определби – запирање на преговорите за членство во ЕУ, по никоја цена да не се влезе во ЕУ и во НАТО, а истовремено Русија треба да биде главен надворешен политички фактор. Интересите на сопствената држава, одбраната на нејзиниот суверенитет од секакви загрозувања, треба да бидат над се, посочува Срѓан Ного.

Во однос на тоа што опозициската СДСМ пресликува програма од партија која негува сосема спротивни идеолошки позиции од нивните, Пандов, истакнува дека ова е најочајниот обид досега на опозицијата со вакви измами да придобие што е можно повеќе гласови.

Тоа зборува за еден класичен политикант, програмата која што ја нуди ДВЕРИ е за сојуз со Русија, а контра НАТО и ЕУ, но нашиот црпнат Муртинец, тој дел од програмата го има изменето во сојуз со Албанија и Косово, со кои сака да прави некаква федерација. Ова се најочајнички обиди на СДСМ на било каков начин со лаги и со измами да добијат што е можно повеќе гласови. Кај овие луѓе не постои ниту идеологија, ниту религија, ниту било каква политичка програма, потенцира Пандов.

Инаку, Двери важи за екстремно десничарска партија во која членуваат најрадикалните српски националисти. На минатите избори во Србија партијата коалицираше со ДС и заедно освоија 5,04% од гласовите и едвај го поминаа цензусот за влез во Собранието. Пред минатите избори, останатите десничарски партии ги обвинија Двери дека примиле пари од СОРОС за да се борат против владата на Српската Напредна Партија и Александар Вучиќ.