„Кралевите“ повторно му се поклонија на шампионот

Атлетико Мадрид втор пат едноподруго победува против градскиот ривал Реал.

Фудбалерите на Атлетико Мадрид со 2:1 го совладаа градскиот ривал Реал на „Сантијаго Бернабеу“ во дерби мечот од третото коло на шпанската Примера.

„Јорганџиите“ поведоа во десетата минута со голот на Тијаго, додека во 26-тата минута од пенал, направен токму врз него, Кристијано Роналдо изрaмни на 1:1.

Иако Реал Мадрид беше подобар тим и имаше повеќе шанси, сепак во 76-тата минута резервистот Арда Туран погоди за конечни 2:1.

Ова е втора победа во низа на Атлетико во пресметките со Реал, а во август актуелниот шпански шампион беше подобар со 1:0 во рамките од Суперкупот на Шпанија.

Атлетико сега има седум бодови, два помалку од лидерот Барселона, додека Реал Мадрид останува на само три бода освоени во новата сезона.