Кралицата ја прекина традицијата, премиерот нема да биде именуван во Бакингемската палата

Британската кралица Елизабета Втора ќе ја прекине традицијата на именување на новиот премиер на Велика Британија во Бакингемската палата во Лондон. Поради проблеми со подвижноста, 96-годишната монархиња оваа должност ќе ја изврши во замокот Балморал, пишува Ројтерс.

Портпаролот на Бакингемската палата објави дека кралицата ќе ги прими премиерот во заминување Борис Џонсон и неговиот наследник на 6 септември во замокот Балморал, каде Елизабета летува.

„Набргу по состанокот со Џонсон, кралицата ќе разговара со министерката за надворешни работи Лиз Трас или со поранешниот канцелар на државната каса Риши Сунак“, рече портпаролот.

Резултатите од изборите за лидер на Конзервативната партија ќе бидат објавени на 5 септември, а излезните анкети покажуваат дека Трас е во јасно водство.