Покојната британска кралица Елизабета Втора сметала дека однесувањето на војводата и војвотката од Сасекс е „многу луди“ и дека принцот Хари бил „толку обземен“ од љубовта кон неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл што тоа му го „замаглува расудувањето“, се наведува во новата книга за кралското семејство.
Кралицата Елизабета Втора, исто така, наложила да биде прегледана библиотеката во Сандрингам поради можни поставени уреди за прислушување во 2022 година, во пресрет на кризниот собир што медиумите го нарекоа „Мегзит“, што покажува колкава важност ѝ придавала на приватноста на клучниот состанок со Хари, наведува авторот Роберт Џобсон.
Овој новинар во книгата „Нашиот крал“ преставена во Daily Mail во саботата, открива дека Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, сметала дека заедничката прошетка со Хари и Меган по смртта на кралицата е „речиси неподнослива“.
Кејт на постар член на кралското семејство му рекла дека јавното демонстрирање на единството „била една од најтешките работи коишто некогаш морала да ги стори“ поради обемот на негативните емоции меѓу војводската двојка од Велс и војводската двојка од Сасекс.
Вилијам, Кејт, Хари и Меган ги поздравуваа граѓаните пред дворецот Виндзор два дена по смртта на кралицата ланскиот септември.
Раздорот меѓу принцовите Хари и Вилијам, драматичното интервју на војводската двојка од Сасекс со американската телевизиска водителка Опра Винфри во кое беа изнесени обвинувања за расизам против неименуван член на кралското семејство, како и обвинувањето дека дворецот не ѝ помагал на суицидната Меган и дека Кејт ја расплакала Војвотката, создадоа проблеми за дворецот Виндзор.
Сегашниот крал Чарлс Трети, тогаш принцот од Велс, и Вилијам решиле дека не можат да ризикуваат повторно да бидат сами со Хари по интервјуто со Винфри од март 2021 година, наведува Џобсон.
Чарлс претходно престанал да ги прима телефонските повици од синот кога војводската двојка од Сасекс се пресели во Калифорнија, по што Хари наводно о пцуел и повеќепати му барал пари.
Покојната кралица, за којашто е познато дека многу го сакаше внукот Хари, рекла дека е заморена од неговите испади и заморена од „вжештените разговори на Хари и неговиот бреат, кои понекогаш се случувале во нејзино присуство“, пишува авторот на книгата.
Џобсон додава дека кралицата, откако Хари и Меган започнаа јавно да ги критикуваат и монархијата и членовите на семејството, „била искрено збунета од однесувањето на двојката, опишувајќи ја како ‘доста луда’“. „Меѓутоа, верувала дека нејзиниот внук е ‘толку обземен’ од љубовта кон неговата сопруга што тома му го ‘замаглува расудувањето“.
Во 2020 година кралицата одлучила дека присуството на Меган на состанокот во Сандрингам преку видеоврска „не е потребно“, бидејќи ќе ја претставува Хари, во страв дека видео фидот ќе се снима ли дека други луѓе ќе го слушаат.
По смртта на кралицата, Хари дополнително го разоткри својот проблематичен однос со кралското семејство во контроверзниот документарен филм на Netflix и во автобиографската книга „Spare“ (Резерва).
Допрва треба да биде јавно потврдено дали војводската двојка од Сасекс ќе отпатува од својот дом во Калифорнија за да присуствува на крунисувањето на кралот Чарсл Трети на почетокот од мај. Рокот за потврдување на присуството, инаку, е изминат.