Кралот Чарлс Трети заврши во болница, ќе има операција на простата

Британскиот крал Чарлс Трети (75) денеска е примен во болница на операција од бенигна хиперплазија на простата, соопшти Бакингемската палата.

-Кралот утрово беше примен во болница во Лондон на закажан третман, се вели во соопштението.

Принцезата од Велс Кејт, сопруга на принцот Вилијам, моментално се опоравува од операција на абдоменот.

Според британските медиуми, кралот Чарлс Трети ја посетил принцезата Кејт непосредно пред операцијата.