Кралот Чарлс во божикниот говор се осврна и на кризата во земјата

Британскиот крал Чарлс Трети го имаше во неделата своето прво божикно обраќање како монарх на Обединетото Кралство, истакнувајќи ги економските тешкотии со соочуваат неговите поданици.

Кралот ја сними традиционалната празнична видео-порака до нацијата во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор, западно во Лондон, каде што оддаде почит на неговата во септември почината мајка кралицата Елизабета Втора, како и на татко му принцот Филип починат година претходно и се заблагодари за „многу трогателните писма и пораки“ кои тој и неговата сопруга ги добиле по смртта на кралицата.

Чарлс Трети се осврна на економските тешкотии со кои се соочија Британците годинава, поддржувајќи ги оние „кои дома бараат начини да ги платат сметките и да ги нахранат и загреат своите семејства“.

Кралот Чарлс рече и дека „со сето срце“ ја споделува верата на мајка му во Бог, обраќајќи се од капелата последното почивалиште на покојната кралица, местото од каде што и таа во 1999 ја испрати божиќната порака.

„Тоа е вера во способноста на секој поединец кон другите да се однесува кон другите со добрина и сочувство, и да го осветлува светот околу себе. Во време на големите грижи и неволји, дали поради војна, глад и природните катастрофи, или поради плаќањето на сметките и грижите околу храната и топлината за семејството, ја гледаме во човечката добрина“, реле Чарлс Трети.

Кралот говорот го одржа на крајот на уште една хаотична година за Обединетото Кралство, по годините на пандемијата на коронавирусот и напуштањето на Европската унија.

Во 2022 година Обединетото Кралство за два месеца промени тројца премиера, а сега се соочува со економската криза која многумина Британци натера да се обратат на банките за храна и на добротворните организации.

Чарлс Трети, кој на престолот дојде во септември по смртта на мајка му која беше на тронот рекордни 70 години, во говорот говорот им оддаде почест на хуманитарците, а во телевизискиот пренос беа прикажани и активистите и вработените во банките за храна, како и болнички персонал и негуватели и спасувачи.

Седумдесет ичетиригодишниот монарх, кој исто така ја носи титулата „Бранител на верата“ во служба на Врховниот гувернер на Англиканската црква, рече и дека „нашите цркви, синагоги, џамии, храмови и гурдвари“ (храмови на Сикизмот) се обединија да ги нахранат гладните.

Кралот Чарлс Трети, кој предизвикуваше контроверзии додека беше принц со изнесување на цврсти ставови за разни општествени проблеми, како што е природната околина, претходно рече дека како владетел поретко јавно ќе ги изнесува своите мислења.

Неговата порака во неделата, која ја испрати стоејќи пред божикната елка е последната во низата традиционални сезонски пораки кои на Британците им се испраќаат пораки од нивните суверени од 1932 година, кога кралот Џорџ Петти одржа говор преку радио.