Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс потпиша четиригодишен договор со „Лос Анџелес Лејкерс“ вреден 153,3 милиони долари.Трансферот го соопшти неговата агенција „Клуч Спортс“ која информира дека последната година од договорот е опционална и зависи од желбата на Леброн.
„Кралот“ по втор пат како слободен агент си замина од „Кливленд“, со кој пред две години ја освоји титулата, откако во „Кавалирси“ се врати по освојување на шампионската титула со „Мајами хит“. Ова е најдолг договор кој Леброн го потпишува по шестгодишниот договор со Мајами во 2010 година. Ова е прв клуб од западот за Џејмс, по 15 години поминати во клубовите од источната конференција.
Се очекува на Џејмс „Лејкерс“ да бидат последен клуб кој по заминувањето на Кобе Брајант е очеан, па во последните сезони немаа пласман ниту во доигрувањето. Следната цел на „Езерџиите“ е Кавај Ленард од „Сан Антонио“, со кого клубот од Л.А. би имал шампионски амбиции.