![tajland](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/tajland.jpg?resize=696%2C462&ssl=1)
Тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн денеска му ја намали осумгодишната затворска казна на поранешниот премиер Таксин Шинаватра на една година.
Шинаватра се врати во Тајланд минатата недела, „прифаќајќи го своето злосторство и покажа каење“, се наведува во соопштението објавено во кралскиот весник.
Поранешниот премиер се врати на Тајланд од егзил по 17 години и веднаш беше префрлен во затвор за да одлежи осумгодишна затворска казна за злоупотреба на службената положба и судир на интереси за време на неговото владеење. Шинаватра набрзо беше префрлен во болница поради лошата здравствена состојба. (МИА)