![Opera Snapshot_2018-04-19_114101_www.kicker.de](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/Opera-Snapshot_2018-04-19_114101_www.kicker.de_.jpg?resize=640%2C472&ssl=1)
„Кливленд“ и „Јута“ остварија победи во вторите мечеви од првото коло на доигрувањето и изедначија на 1:1 во натпреварите против „Индијана“ и „Оклахома“. За разлика од „Кавалерси“, кои во вториот натпревар на домашен терен ја совлада Индијана со 100:97, „Тандерси“ ја испушти предноста на домашен терен и загуби со 102:95. Наредните два натпревари се играат во Индијанополис и Солт Лејк Сити.
Натпреварот во Кливленд го одбележи Леброн Џејмс, кој средбата ја заврши со 46 поени, 12 скока и пет асистенции. „Кралот“ беше фуриозен, откако во претходниот натпревар доживеа прв пораз на стартот на доигрувањето од 2012 година. Тој во првите пет минути постигна 16 поени, а „Пејсерси“ реализираа само еден поен. Предноста од одличниот старт се покажа како клучна. Индијана ги доби следните три четвртини, но „Кливленд“ се радуваше на крајот.
„Јута“ направи брејк и триумфираше на вториот меч во Оклахома.
Расел Вестбрук беше најдобар кај домаќинот и беше блиску до трипл дабл со 19 поени, 13 асистенци и девет скокови, но тоа беше недоволно за зголемување на водството во серијата. Кај „Џезерите“ се истакна Донован Мичел со 28 поени.