Кралски дворски игри: Кејт Мидлтон жртва на завера

Кејт Мидлтон и Камила Паркер Боулс си објавиле војна една на друга.

Неофицијалните информации од британскиот кралски двор велат дека наводно Камила толку очајно сака да го зграби престолот за себе и за принцот Чарлс што токму таа стои зад дузината шокантни информации кои ги дискредитираат Кејт и принцот Вилијам.

Во најновото издание на американскиот магазин „Глоуб’ објавени се детали од наводниот презир на Камила кон младата војвотка, и се наведува дека Камила кова завера против младата принцеза.

Истиот весник неодамна објави дека Кејт и Камила имале жесток конфликт, а по него наводно Камила пијана и бесна си заминала од кралскиот дворец.

kamila&carls