Кралско смути за пролетна детоксикација на организмот

Одвреме-навреме на секој организам му е потребна детоксикација. Ова смути составено од куркума, јаболка, банана, ананас, спанаќ, ѓумбир и лимон ќе ве освежи и ќе ве наполни со енергија.

Потребни состојки:

  • Малку млад спанаќ
  • 2 јаболка
  • 1 банана
  • 3 парчиња ананас
  • 1 лажица свежо набран ѓумбир
  • ½ исцеден лимон или лимета
  • Куркума (по желба)


Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Уживајте во пијалакот кој има моќ да го прочисти вашиот организам во рок од неколку минути.