
Кралството Есватини, последната апсолутна монархија во Африка, се соочува со нов бран протести на младината против владата која нареди во саботата веднаш и на „неодредено време“ да бидат затворени училиштата.
Основците и гимназијалците во малата сиромашна јужноафриканска земја, коај некогаш се викаше Свазиленд, со седмици мирно протестираат и ја бојкотираат наставата барајќи заминување на власта и бесплатно образование.
Полицијата и војската претходно седмицава беа распоредени во училиштата и неколку ученици се приведени, соопштија активистите кои се залагаат за воспоставување демократија.
Кралството беше потресувано од бран протести против власта во јуни, кој беше организиран од невладини организации и активисти на кои им се приклуќи опозицијата во двата најголеми града Манзиниу и Мбабане.
Тогаш беше воведен полициски час и беше распоредена војската, згаснат беше интернетот за да се задуши движењето против монархијата, што го осуди меѓународната заедница.
Релативно мирно е во саботата во земјата со 1,3 милиони жители, пренесува агенцијата France presse (AFP).
Кралот Мсвати Трети ги обвини демонстрантите дека им го скусуваат образованието на децата собирајќи ги на протест и со уредба ги затвори сите училишта.
Во кралството Есватини, кралот ги именува министритеи, го контролира парламентот и политичките партии веќе 50 години.
Мсвати Трети беше крунисан во 1986 година на 18-годишна возраст. Сега има 15 сопруги и повеќе од 25 деца, а го критикуваат поради апсолутизам и раскошен живот додека две третини од населението живее под прагот на сиромаштијата.