
Триесет идвегодишен работник во фабриката ФЗЦ „11-ти Октомври“ е повреден кога негов колега управувајќи кран, не го забележал и му ги притиснал нозете.
Полицијата соопшти дека настанот се случил вчера околу 11:30 часот кога В.С.(48) управувал кран и се движел по шините во кругот на фабриката и при поминување покрај метални конструкции, му ги притиснал нозете на И.Ѓ. од Куманово.
Повредениот бил пренесен во Општата болница во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.