Красула е растение кое носи многу имиња, но секаде е познато како растение кое, според правилата на фенг шуи, носи пари во дом каде што се одгледува.
Во овој род на сукуленти кои потекнуваат од Јужна Африка, припаѓаат неколку различни билки. Сите имаат дебели меснати листови, но некои имаат стебла, а некои се ползавци. Заедничко за сите е што се отпорни и долготрајни ако не се полеваат претерано.
Повеќе им одговара светло место, бидејќи ако нема доволно светлина листовите ќе бидат бледи, а растението ќе се издолжи. Но немојте да дозволите да ја гори сонце преку стаклото од прозорецот. Од пролет до доцна есен може да ја изнесете надвор, дури и да ја закопате во градината заедно со саксијата. Во есен, кога ќе почнат ладните ноќи со температура под 10°С, потребно е да ја внесете внатре. Но не и одговараат премногу загреани простори бидејќи тогаш не може да го постигне периодот на мирување, а често доаѓа и до зашилување и опаѓање на листовите.
Лесно се закоренува со резници во пролет. Препорачливо е да ја оставите резницата неколку часа да се засуши местото каде е пресечена, па потоа да ја насадите директно во земја.
Пресадувајте ја секоја втора година. Саксиите не мора да бидат длабоки. Битно е само да има добра дренажа, за да не се задржува вишокот на вода.