Јербиќ пристигна во Шкендија пред околу еден месец и беше најавен како големо засилување во одбраната, но прилагодувањето на новата околина му одеше тешко, поради што побарал раскинување на договорот.
Тетовци на барањето одговориле позитивно и го ослободиле од обврските, особено што тој не бил во оптимална форма и не е преголемо засилување за нив.
Јербиќ одигра само еден меч и тоа во Купот против Зајас (4:0), а на клупа беше против Младост Царев Двор во првото коло. Претходно одигра неколку контролки за Шкендија.