Момче од Кратово било уапсено на Табановце од страна на македонската полиција откако било фатено со дрога.
МВР информира дека во 22.15 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола било констатирано дека 26-годишниот М.Р. од Кратово кој е предмет на потрага за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ бил уапсен.
Предаден е на полицијата во Куманово.