Во Кратово денеска има многу полициски контроли и гласањето се одвива во малку тензична атмосфера.
Според информации на Сител досега се запленети четири возила на граѓани кои оделе на гласање од страна на полицијата под сомневање дека се технички неисправни. Возилата се запленети до утре, ќе се прави технички преглед и доколку се во ред ќе им бидат вратени утре.
И уште една информација до која стигна Сител од штаб на политичка партија е дека било вршено притисок во врска со гласањето на граѓани од страна на други граѓани кои биле со возила чии регистарски таблички не биле од Кратово.