![kravinjo-osmani-780x470](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/07/kravinjo-osmani-780x470.jpg?resize=696%2C419&ssl=1)
По завршувањето на процесот на уставните измени и почнувањето на втората фаза од преговорите со Европската унија, нема повеќе причини за билатерални блокади кон Македонија. Ова е ставот на шефот на португалската дипломатија Жоао Гомеш Кравињо, кој денеска за време на посетата на Скопје пореча дека од суштинско значење во меѓународната политика е да се верува кога зборот е даден.
„Кога ќе ставиме потпис, ние се обврзуваме. билатералните прашања за кои толку многу се дискутираше во изминативе неколку години во Бугарија и Северна Македонија, се затворени. има заклучоци, заклучоците создадоа услови за историскиот момент на 19 јули и втората меѓувладина конференција ќе се случи веднаш штом внатрешните процеси во Северна Македонија завршат. не очекувам ова прашање повторно да се постави. не гледам никаква причина зошто повторно би се поставило“, изјави Кравињо.
Коментирајќи го португалскиот предлог за решение ви-за-ви францускиот, кој стана и европска преговарачка рамка за земјава, португалскиот министер, кратко рече дека во политика не е да го добиеш она што го сакаш, туку она што е можно. Притоа и честиташе на македонската влада за историскиот чекор, додавајќи дека тој не бил лесен.
Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, во контекст на преговарачката рамка со Европската унија денеска повторно ја бранеше унилатералната изјава за македонскиот јазикот, за која македонисти од неколку институти во земјава сметаат дека не го заштитува јазикот. Според Османи, унилатералната изјава за јазикот е политичка, а не историска, која опфаќа три клучни елементи за него – историскиот континуитет, неговото дефинирањето во Уставот и во собраниската резолуција и оти е официјален на територијата на Македонија и во нејзните меѓунаронди релации.
Османи за да го нагласи значењето на македонската унилатерлана изјава, но и колку ваквите изјави немаат формално-правно дејствие откри дека бугарската изјава за македонскиот јазик постои уште од 2018 година.
„Унилатералната изјава на Република Бугарија не е преседан, туку е веќе пуштена во он уште во 2018 година. истата таа изјава сега се повторува во земјите членки на ЕУ. Како што немаше никакви импликации во ОН македонскиот јазик со унилатерална изјава, еве дури не сте ни знаеле дека имало унилатерална изјава пред четири или пет години, таква е тежината на оваа унилатерална изјава“, рече Османи.
Една седмица по потишаниот Протокол со Бугарија за спроведување на Договорот за добососедство Османи рече дека до сега до нив немало поплаки за говор на омраза. Притоа Османи повторно не гледа потреба контроверзните историски личности, кои предизвикуваат негативни чуства кај едната или другата страна, како што ликот на Ванчо Михајлов, да се третираат во делот на говор на омраза.
„Различните историски интерпретации не смееме да ги ставиме под говор на омраза. Под говор на омраза јасно кажува нашето законодавство што е омаловажување поради карактеристики на човек или припадност во група. И мислам дека ако го прошириме тоа во историските интерпретации тогаш отвораме токму поле за такви ризици за кои зборуваме дека говорот на омраза ќе се интерпретира во делот на работата на историската комисија“, изјави Османи.
Најави дека токму за историската комисија на чија работа отпаѓа голем дел од Протоколот со Бугарија, деновиве ќе има средба со неа за да разговараат за понатамошни чекори