Кражби, опожарувања, тепачки и исчезнувања регистрирани во Скопје

Саботниот билтен на министерството за надворешни работи за подрачјето на главниот град покрај неколкуте тешки сообраќајни несреќи со настрадани, вооружени инциденти содржи и информации за оштетувања на возила, тепачки и пријава на исчезнување алолетни лица

Ноќта кон неделта, 1,10 часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Тодор Чопов“ било опожарено патничко моторно возило „алфа ромео 147“ со скопски регистерски таблици, сопственост на 48-годишниот Л.М.(48) од Скопје. Опожарен бил делот кај моторот, а огнот бил изгаснат од страна на екипа од Бригадата за противпожарна заштита.

Претходно во саботата, попланденот, во 16,55 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 48-годишниот П.Б. пријавил дека истиот ден во времето од 3 до 06,30 часот од улицата „Народен Фронт“ во Капиштец, од страна на непознато лице бил одземен моторцикл марка „дукати 1098“ со скопски регистерски таблици.

Неколку часта подоцна, околу 18,45 било пријавено нарушен јавен ред и мир со меѓусебна тепачка на бензиска пумпа на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода меѓу 27-годишниот В.Г. и 21-годишниот М.З. од една страна и 36-годишниот М.Ј. од друга страна. Имено, додека М.Ј. точел гориво во неговото возило зад него се паркирало друго возило управувано од В.Г. и меѓу нив дошло до недоразбирање околу точењето на гориво и поместувањето на возилата.

Два случаи за исчезнати малолетници пријавени вчера во Скопје. Во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба 57-годишната В.Г., вработена во СОС „Детско село“ пријавила дека во петокот на 27-ми април во непознат правец се оддалечила нивна 16-годишна штитеничка.

И вториот случај, исто така, бил пријавен вчера. Во 14,30 часот во Полициската станица Чаир, 36-годишниот С.С. вработен како социјален работник во Домот „25-ти Мај“ пријавил дека на ден претходно нивен 17-годишен штитеник заминал кај неговата баба во Делчево и не се вратил во Установата. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.