Тешка кражба во куќа во Куманово

Тешка кражба се случила минатата недела во куќата на Б.С. (33) од Куманово, од каде биле одземени 20 илјади евра и разновиден златен накит со што е причинета материјална штета од околу 1.900.000 денари.

Од МВР велат дека работат на расчистување на случајот.