Министерството за внатрешни работи информира дека на 29 мај 2014 година, лицето Ш.У. (26) извршило кражба на улицата Кеј 13-ти Ноември.
Имено, Ш.У.околу 1 часот му се приближил на оштетениот и му го украл паричникот. Случаен минувач го приметил настанот и го сопрел Ш.У. се додека да не дојде полиција.
Инаку, Ш.У. е регистриран сторител на кривични дела за што му се поднесени 16 кривични пријави и има три затворски казни.
За последното дело одреден му е притвор од 8 дена.