Кражба во Гостивар, однесен накит вреден 1,2 милиони денари

Накит во вредност од 1,2 милиони денари е украден од куќа на улицата Илинденска во Гостивар, во петокот во периодот од 19:30 до 23:30 часот.

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, крадците ја обиле споредната врата на домот на Р.П. (57), а потоа извршиле тешка кражба.

Екипи на Полициската станица Гостивар работат на пронаоѓање на сторителите.