Кражба во кабинетот на градоначалникот на општина Гази Бабa

Во неделата, вчера, околу 14:50 часот била пријавена кражба во кабинетот на градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.

Од полицијата информираат дека, според пријавата, во просторијата било влезено со употреба на сила.

-Одземени биле три лап топ компјутери и еден фотоапарат, истакнуваат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.