Накит украден од домовите на двајца тетовци.
Во текот на вчерашниот ден извршени се две тешки кражби, информираат од тетовската полиција.
Првата каржба се случила во домот на 48-годишниот Р.Ш. на улицата Браќа Миладиновци. Арамиите помеѓу 18 и 22 часот насилно ја отвориле влезната метална врата и целосно ја пребарале внатрешноста на станот, одзеле 15 парчиња златен накит, четири златни алки и 11 стари златници, и избегале со плен од речиси 300 илјади денари.
Втората кражба се случила во периодот помеѓу 19 и 21 часот во куќата на 48-годишниот Б.К. на улицата Иво Лола Рибар. И тука насилно била отворена влезната врата по што засега непознатите сторители, од спална на вториот кат од пластична кутија одзеле 16 парчиња разновиден златен накит, синџири, прстени, приврзоци и лири со вкупна вредност, според сопственикот, од околу 95 илјади денари.
Полицијата на двете места извршила увид и се трага по сторителите.