Продолжува познатиот тренд на дизајнерски кражби кога се логоата кои ги употребува СДСМ во прашање.
Во 2008 година за потребите на коалицијата Сонце беше искористено лого од фабриката за банани „Доле“, во 2012 година Сојузот за Иднината користеше лого од кинеска компанија, пишува „Курир“.
Најновиот дизајнерски потфат на СДСМ повторно се враќа во секторот „кражба на лого од прехранбената индустрија“. За потребите на проектот „Визијата за Македонија“ употребено е лого од познатата југословенска фабрика за продажба на сладоледи „Пекабела“.
Креативноста во логото на нивната „Визија за Македонија“ е иста како и креативноста на проектот: не постои.