Кредитирањето во еврозоната речиси стагнираше и во март, што го одразува слабиот раст на кредитите на компаниите и речиси стагнацијата на кредитите за домаќинствата, се наведува во извештајот на Европската централна банка (ECB) објавен во петокот.
Кредитите на фирмите во март се зголемени за само 0,4 отсто во однос на истиот месец лани. Во февруари беа зголемени за 0,3 отсто.
Кредитирањето на домаќинствата се зголемило за 0,2 отсто, најслабо во последните десет години, утврдиле во ECB. Во март кредитите на граѓаните биле зголемени за 0,3 отсто.
Показателот за понудааа на парична маса М1, кој ги вклучува готовината во оптек и прекуноќните депозитите, бележи и намалување во март, за 6,7 отсто, нешто поблагот од февруари кога потона за 7,8 отсто.
Најширокиот монетарен агрегат М3, во кој се вклучени и орочените депозити, пораснал за 0,9 отсто, најсилно од мај минатата година. Во февруари неговиот раст беше за половина послаб и изнесуваше 0,4 отсто.
ECB ги зголеми каматните стапки за 4,5 процентни поени од јули 2022 година до средината на септември 2023 година за да ја ограничи инфлацијата преку ограничување на побарувачката. На седницата во април годинава ги задржа каматните стапки на сегашното ниво, забележувајќи го поблагиот раст на платите, но и континуираниот силен раст на цените на услугите во услови на „отпорна“ побарувачка.
Инфлацијата во еврозоната падна во март, според пресметките на Eurostat, на 2,4 отсто од 2,6 отсто во февруари.
Банките во еврозоната имаат намера да ги заострат условите за кредитирање на компаниите во вториот квартал и очекуваат послаба побарувачка на кредити, покажуваат резултатите од истражувањето на ECB. Условите за кредитирање на домаќинствата треба да останат непроменети, со посилна побарувачка, покажува истражувањето објавено пред две седмици.
„Отсега натаму, мора внимателно да го одмериме ризикот од престрога монетарна политика, бидејќи тоа вклучува ризик од продолжен период на економска слабост“, предупреди во четвртокот функционерот на ECB, Фабио Панета.