Креиран лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

-Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче, велат од СДСМ.

„Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини, повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки. Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале, велат од партијара.

Додаваат дека разликата меѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот, може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација кој постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче.

-Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење, стои во соопштението на СДСМ.