Кремљ одлучи парадата на 9 мај да ја одложи за подоцнежен датум, кој веројатно ќе биде познат следните неколку дена или уште денеска, изјавиле извори за Би-Би-Си.
Една од варијантите за кои се размислува е 24 јуни кога во 1945 година се одржала парада под командата на Георгиј Жуков, или на 3 септември. Оваа недела Државната дума усвои закон за признавање на тој датум за Ден на крајот на Втората светска војна.
Организации на руски ветерани вчера го повикаа претседателот Владимир Путин да ја одложи воената парада по повод годишнината од победата над нацистичка Германија, поради епидемијата на новиот коронавирус.